По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која Алкалоид го освои првото место во групата А во македонската Супер лига со скор од 14 победи од 14 натпревари и дебитираше во Европската лига, донесени се одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плеј-оф натпреварувањето.
Пикерот Валентин Карасманакис, голманот Виктор Василевски и десното крило Мартин Димовски ќе бидат префрлени од редовите на Мулти Есенс во редовите на Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷