Претстојниот викенд започнува плеј-офот во Супер лигата во машка конкуренција, каде тимот на Еурофарм Пелистер е домаќин на Вардар 1961.
На официјалната страна на Еурофарм Пелистер беше објавено дека сите билети се распродадени, што значи дека салата “Боро Чурлевски” ќе биде исполнета до последното место.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷