Словенечкиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Гал Цирар е избран за најдобар спортист странец кој настапува во екипа од Охрид.
Признанието му беше врачено на свеченост што се одржа во големата сала на Општина Охрид.
Цирар минатата сезона (2022/23), беше во врвот на стрелците во плеј-оф натпреварите. Во првиот дел од сезоната 2023/24 е еден од лидерите на клубот, најдобар стрелец на ГРК Охрид и на два пати прогласуван е за играч на колото во ракометната Супер лига.

(фото – ГРК Охрид)📷