Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Голден Арт со 36-29 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Тимот на Прилеп од почетокот на натпреварот го имаше водството, на пауза замина со предност од 17-12.
Во второто полувреме Прилеп продолжи со добрата игра, па на крај да слави против Голден Арт.
Најефикасен кај екипата на Прилеп беше Денис Шабановиќ со 12 погодоци, додека кај Голден Арт најефикасен беше Христијан Милошески со 6 погодоци.
(фото – Рк Прилеп)📷