Ракометарките на Металург Автокоманда забележаа висока победа против екипата на Спартак со резултат 45-22 во Женската Супер лига.
Металург Автокоманда победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 23-10.
Најефикасна кај екипата на Металург Автокоманда беше Мила Трајковиќ со десет гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со осум гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷