Еурофарм Пелистер 2 триумфираше против Куманово

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 триумфираше против составот на Куманово со конечен резултат 25-19 во плеј-аутот од Супер лигата.

Иако на пауза Куманово имаше предност од 13-12, сепак во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 успеа да се врати и да триумфира против гостинската екипа.

Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Талевски со шест гола, додека кај Куманово најефикасен беше Костов со десет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести