Вардар 1961 падна во Кавадарци кај Тиквеш

Екипата на Тиквеш приреди изненадување во плеј-офот од Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Вардар 1961 со 22-20.

Тиквеш и на пауза имаше предност од 11-10. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но на крај бодовите ги освои тимот на Тиквеш.

Најефикасен кај екипата на Тиквеш беше Ани Обина со седум гола, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасни беа Дарко Ѓукиќ и Марко Срдановиќ со по пет гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.