Македонската женска сениорска репрезентација означи старт на подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство 2024 година.
Првиот натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 29.02.2024 година од 18:00 часот, влезот е слободен. Вториот натпревар се игра во Ланцароте на 03.03.2024 година во 17:00 часот.
Нашите ракометарки на првите два квалификациски натпревари запишаа две победи, против Азербејџан на домашен терен и против Литванија на гости. Заедно со Шпанија го делат првото место во групата.

(фото – РФМ)📷