Тинекс Пролет заслужено стигна до првата победа во плеј-офот од Супер лигата откако во рамките на третото коло славеше над Бутел Скопје со 20-18.
На полувреме беше нерешено со 8-8. Во второто полувреме Тинекс Пролет успеа да направи водство, и на крај да триумфира против Бутел Скопје.
Најефикасни кај екипата на Тинекс Пролет беа Александар Василевски и Ласко Андоновски со по шест гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов исто така со шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷