Екипата на ГОГ Гудме го освои Купот на Данска, откако во финалето го совлада тимот на Алборг со 32-25.
Тимот на ГОГ Гудме и на пауза имаше предност од 13-10. За екипата на ГОГ Гудме ова е 12. трофеј во Купот на Данска.
Во натпреварот за бронзата екипата на Силкеборг триумфираше против Фредериција со 32-31.

(фото – Рк ГОГ Гудме)📷