Лидерот на табелата во плеј-офот од Супер лигата, Алкалоид, во недела му гостува на Охрид.
Трите бода се императив против силниот противник. „Гладијаторите“ се фокусирани на натпреварот со вицешампионот и со поддршка од трибините ќе атакуваат на победа.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Никола Јукиќ.
“Во недела не очекува многу тежок натпревар. Сите сме максимално фокусирани и веруваме во победа која не води до нашата цел”, – изјави Никола Јукиќ од ГРК Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷