Екипата на Младост Богданци, која во продолжението од сезоната ќе се натпреварува во плеј-офот од Првата лига ги пушти во продажба сезонските билети.
На секој 10-ти купен сезонски билет следува гратис брендирана навивачка маичка од Младост Богданци. Продажбата на сезонските билети ќе се врши во Маркет 55 во Богданци кој се наоѓа наспроти сендвичара Фуди.
Поединечните билети ќе се продаваат на самиот влез во сала Млаз пред натпреварите. Сезонскиот билет за сите натпревари на Младост Богданци е за само 300 денари, додека поединечниот е за само 50 денари.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷