Екипата на Јехона го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров со конечен резултат 35-32 во плеј-офот од Првата лига.
Тимот на Јехона на полувреме имаше предност од 13-8. Во второто полувреме Јехона продолжи со водството, па на крај да слави против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во тимот на Јехона беше Адис Салиу со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Божиновски со осум гола.
Поради три исклучувања црвени картони заработија Марко Стојаноски и Лука Трифуновски од редовите на Македонија Ѓорче Петров.
(фото – Рк Јехона)📷