Ракометарките на Вардар забележаа убедлива победа против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со 34-22 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар немаше проблеми околу победата против Овче Поле Славјански Универзитет, затоа што во текот на целиот натпревар имаше водство.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Борјана Коцева со десет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со 11 погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷