Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Спартак со конечен резултат 49-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 28-8.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Талида Алмеида со девет гола, додека кај Спартак најефикасни беа Зорица Андовска и Ангела Гроздановска со по пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷