15-годишниот Петар Николоски и 18-годишниот Лука Лангоски за прв пат се дел од сениорскиот состав на ГРК Охрид.
Тие дебитираа во првиот тим на натпреварот од групната фаза од Купот на Македонија со Скопје 2020 претпладнево, на кој, очекувано, триумфираа “Гладијаторите” со што обезбедија пласман во финалето што ќе се игра вечерва во 19:30 часот во салата “Билјанини Извори”.
Петар и Лука тренираат од осум годишна возраст во младинските категории на ГРК Охрид. Тие се надежта на охридскиот ракомет.

(фото – ГРК Охрид)📷