Екипите на Алкалоид и Вардар 1961 се пласираа на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во машка конкуренција.
Тимот на Алкалоид забележа победа против Бутел Скопје со 23-20. Најдобар стрелец во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Димитар Ѓеоргиевски со шест гола.
Составот на Вардар 1961 лесно го совлада тимот на Голден Арт со резултат 32-23. Најефикасен кај Вардар 1961 беше Стефан Петриќ со девет голови, додека кај Голден Арт најефикасни беа Мице Шилегов и Славе Јанковски со по пет голови.
(фото – Рк Алкалоид)📷