Преспа Вардар ги освои бодовите против Кичево 2020

Ракометарите на Преспа Вардар забележаа победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со минимални 25-24 во плеј-аутот од Првата лига.

Иако Кичево 2020 го имаше водството на полувреме од 14-11, сепак на крај победа забележа екипата на Преспа Вардар.

Никола Нацев од екипата на Кичево 2020 поради три исклучувања заработи црвен картон.

Најефикасен кај екипата на Преспа Вардар беше Мартин Мазниковски со седум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Стефан Стефаноски со десет гола.

(фото – Рк Преспа 2015)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести