Крстијан Грчевски го скрати списокот кај сениорките

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Азербејџан и Литванија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан, натпреварот е предвиден да се одигра на 03.04.2024 година во 15:00 часот, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се одигра на 07.04.2024 година во Скопје со почеток во 18:00 часот. На списокот повикани се 20 ракометарки.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Skraten-spisok-za-sobir-na-seniorska-zhenska-reprezentatsija-AZE-i-LTU-na-Womens-EHF-EURO-2024.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.