Радовиш триумфираше против Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Радовиш забележа победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со 30-26 во натпревар од 4. коло од плеј-офот од Првата лига.

Тимот на Радовиш и на полувреме имаше предност од 13-11. Во второто полувреме Радовиш продолжи со водството, па на крај да триумфира против Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасни во тимот на Радовиш беа Зоран Стојановски и Здравко Постолов со по седум погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Никола Иванов со осум погодоци.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести