Ракометарките на Вардар забележаа победа против ракометарките на Шампион со конечен резултат 45-19 во Женската Супер лига.
Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 26-8.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивона Трпевска со десет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со осум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷