Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Мулти Есенс со минимални 29-28 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме Куманово имаше предност од 14-12. Во второто полувреме Мулти Есенс се обидуваше да се врати, но сепак загуби од тимот на Куманово.
Најефикасен кај екипата на Куманово беше Наум Костов со десет гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасни беа Михаил Иваноски и Димитар Узунчев со по пет гола.
(фото – МРК Куманово)📷