Екипата на Кичево 2020 забележа победа против екипата на Астраион со конечен резултат од 39-33 во плеј-аутот од Првата лига.
Иако на полувреме Астраион имаше водство од 19-18, сепак во второто полувреме со подобра игра Кичево 2020 успеа да триумфира.
Најефикасен во составот на Кичево 2020 беше Дарко Јаневски со десет гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Гоце Аргиров исто така со десет гола.
(фото – Рк Кичево 2020)📷