Еурофарм Пелистер го реши тимот на Бутел Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа против екипата на Бутел Скопје со 30-22 во плеј-офот од Супер лигата.

Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше сигурно водство, па така стигна до победа против Бутел Скопје.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со пет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасни беа Владимир Јевтиќ и Стефан Крстевски со по четири гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.