Охрид славеше во “езерското дерби” против Струга

Екипата на Охрид го доби “езерското дерби” против Струга со конечен резултат од 24-21 во плеј-офот од Супер лигата.

Иако на полувреме Струга имаше предност од 14-11, сепак на крајот од натпреварот победник беше екипата на Охрид.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Никола Јукиќ со шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со девет гола.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.