Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за првите натпревари од четвтфиналните средби во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Киелце и Магдебург, додека делегати ќе бидат Реибел од Франција и Вилангер од Норвешка.
Натпреварот меѓу екипите на Киелце и Магдебург се игра на 24 април од 18:45 часот во салата “Легионов” во Полска.
(фото – Архива)📷