Во продажба се пуштени картите за дерби натпреварот од 10. коло од ракометниот плеј-оф помеѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, што ќе се одигра во недела на 21 април, во 19:00 часот во салата „Билјанини Извори“.
Карти по цена од 100 денари можат да се купат на билетарата во спортската сала “Билјанини Извори”, а исто така едно лице не може да купи повеќе од две карти.

(фото – ГРК Охрид)📷