Екипата на Металург Автокоманда забележа висока победа против екипата на Гевгелија со убедливи 38-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот диктираше темпо на резултатот, па така дојде до победа против Гевгелија.
Цветанка Атанасова од екипата на Гевгелија поради три исклучувања заработи црвен картон.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Таида Беровиќ со 10 гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасни беа Благица Ступар, Симона Динева и Елена Димова со по 4 погодоци.
(фото – Денис Дуковски)📷