Куманово победнички против Скопје 2020

Ракометарите на Куманово забележаа победа против екипата на Скопје 2020 со 32-25 во плеј-аутот од Супер лигата.

Тимот на Куманово и на полувреме имаше предност од 16-11, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај слави против Скопје 2020.

Најефикасен кај екипата на Куманово беше Наум Костов со седум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасни беа Дамјан Јакимовски и Бојан Чакалиќ со по седум гола.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.