Ракометарките на Скопје забележаа победа против ракометарките на Деспина со минимални 31-30 во Женската Супер лига.
Иако Скопје на полувреме имаше предност од 20-13, сепак на крајот од натпреварот славеше минимално против Деспина.
Најефикасна во редовите на Скопје беше Наталија Максимовска со осум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Мери Гичева со 13 гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷