Вардар победи против Стружанка

Составот на Вардар забележа лесна победа против екипата на Стружанка со конечни 39-24 во Женската Супер лига.

Вардар уште на полувреме имаше високо водство од 21-10. Во второто полувреме ја завери убедливата победа против Стружанка.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивона Трпевска со седум гола, додека кај Стружанка најефикасни беа Мендувие Далипоска и Маја Раткушиноска со по шест гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести