Екипата на Преспа Вардар забележа победа на домашен терен против екипата на Текстилец со 27-23 во натпревар од плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Преспа Вардар го искористи домашниот терен за на крај да ги освои бодовите против Текстилец.
Црвени картони заработија ракометарите Григориј Прцулоски од Преспа Вардар и Александар Јовановски од Текстилец.
Најефикасен во редовите на Преспа Вардар беше Бојан Поповски со осум гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Милисав Петров со девет гола.
(фото – Рк Преспа 2015)📷