Дејан Кукуловски е нов ракометар на Охрид

Дејан Кукуловски е новата аквизиција на ГРК Охрид. Дваесет и пет годишниот лев бек денеска стави потпис на едногодишен договор со клубот и ќе претставува големо засилување за „Гладијаторите“ во сезоната 2024/25.

“Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати”, – изјави Дејан Кукуловски.

Кукуловски до сега настапувал за Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Брно од Чешка, а има настапувано и во сите младински и сениорската репрезентација на Македонија.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести