Екипата на Ѓорче Петров стана нов шампион во пионерската лига во женска конкуренција, откако славеше против Стружанка во финалето со 22-16.
По завршувањето на натпреварот беа доделени индивидуални награди и признанија за најдобрите на Ф4 турнирот.
Ракометарката од Стружанка, Елена Балоска беше прогласена за МВП и најдобар стрелец на турнирот, додека Сара Илиоска од Ѓорче Петров беше прогласена за најдобра голманка.

(фото – РФМ)📷