Прилеп обезбеди триумф против Куманово

Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Куманово со резултат 27-24 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.

На полувреме Прилеп имаше минимална предност од 14-13. Во второто полувреме Куманово се обидуваше да се врати, но сепак бодовите останаа за екипата на Прилеп.

Најефикасен во редовите на Прилеп беше Денис Шабановиќ со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Огњен Радојиќиќ исто така со осум гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.