Екипата на Вардар е шампион во младинската лига во женска конкуренција, иако загуби од Ѓорче Петров со 31-27, но поради победата од првиот дел од сезоната тимот на “црвено-црните” стана шампион.
Првиот натпревар заврши со победа на Вардар со високи 36-24. Првото место на табелата го освои Вардар, второто место го освои екипата на Ѓорче Петров, а третото место го освои екипата на Скопје, четвртото место го освои Спартак.

(фото – ЖРК Вардар)📷