Куманово ги освои бодовите против Скопје

Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Скопје со резултат 29-22 во Женската Супер лига.

Тимот на Куманово од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Скопје.

Црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарката на Скопје, Росана Павлова.

Најефикасна во редовите на Куманово беше Сузана Зечевиќ со шест гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Стефани Ристиќ со пет гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.