Драчево победнички против Шампион

Екипата на Драчево забележа победа против екипата на Шампион со резултат 36-29 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.

Тимот на Драчево на полувреме имаше предност од 16-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Драчево, па на крај да се радува на триумф против Шампион.

Најефикасен во редовите на Драчево беше Филип Дабевски со 12 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Стефан Огненовски исто така со 12 гола.

(фото – Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.