Екипата на Овче Поле забележа сигурна победа на гостувањето во Велес, кај екипата на Борец со 35-26 во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Овче Поле од почетокот на натпреварот имаше водство, па така стигна до победа против Борец.
Најефикасни во редовите на Овче Поле беа Димитрија Крстев и Виктор Ристовски со по седум гола, додека кај Борец најефикасен беше Јован Атанасовски со 12 гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷