Екипата на Куманово ја совлада екипата на Стружанка со резултат 25-23 во натпревар од Женската Супер лига.
На полувреме Куманово имаше предност од 14-12. Во второто полувреме Стружанка се обидуваше да се врати, но сепак бодовите останаа за екипата на Куманово.
Најефикасна кај екипата на Куманово беше Сара Цветановска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Мендувие Далипоска со 12 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷