Екипата на Алкалоид беше подобра на пенали од екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 25-23 и за прв пат го освои трофејот во Купот на Македонија.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично. На крајот од натпреварот резултатот гласеше со нерешени 22-22, потоа на пенали подобра беше екипата на Алкалоид.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Симоноски со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Пешевски со седум гола.

(фото – РФМ)📷