Интервју со ракометарката на ЖРК Металург Автокоманда, Исидора Котевска

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарката на ЖРК Металург Автокоманда, Исидора Котевска, која настапува во сениорската екипа.

1. На колку години започна да тренираш ракомет и кој беше твој прв клуб?

  • На 7 години почнав да тренирам ракомет во РК Филип Вардар.

2. Веќе една сезона си во Металург Автокоманда дали условите се добри?

  • Да условите се добри и се на високо ниво.

3. Дали во иднина очекуваш повик за настап во сениорската репрезентација на Македонија?

  • Мислам дека желбата на секој спортист е да игра за својата земја, затоа работам и вложувам во самата себе за да еден ден заиграм во сениорската репрезентација.

4. Дали според тебе треба да се подобри Женската Супер лига?

  • Мое мислење дека треба од година во година да има некакво подобрување за некаков успех.

5. Дали во наредната сезона Металург Автокоманда ќе се бори за титулата во Женската Супер лига?

  • Секако дека да, следна сезона ќе бидеме поискусни и ќе работиме дисциплинирано како екипа.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести