Ракометна школа “Вардар-Охрид“, на ден 26.05.2024 година го организира четврто издание на ракометниот турнир за млади категории “5-КА ЗА РАКОМЕТ” во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
На турнирот ќе продефилираат 300 деца од Република Македонија и од различни градови и школи.
На овој турнир покрај домаќинот Вардар-Охрид, ќе учествуваат и екипите на ГРК Охрид, ЖРК Струга 2024, Рк Јехона од Гостивар, Ракометна школа Пантери од Кичево, Ракометна школа Динг од Струга, Рк Преспа од Ресен, Ракометна школа Металург од Кичево, Ракометна школа Филип од Прилеп, Ракометна школа Асови од Кичево и Ракометна школа Кале Вардар од Кичево.
(фото – Ракометна Школа Вардар-Охрид)📷