На големо задоволство денеска во посета беа децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, кои присуствуваа на тренингот на првиот тим на Рк Вардар 1961.
На покана на Извршниот директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар 1961, го проследија тренингот и добија подароци од клубот, и заеднички фотографии со играчите за спомен.
(фото – Рк Вардар 1961)📷










