Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 31-24 во плеј-аутот од Супер лигата.
Тимот на Прилеп на полувреме имаше водство од 16-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Прилеп, па на крај да го совлада Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни кај Прилеп беа Христи Бикоски и Никола Цветаноски со по седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мирче Калајџиоски со шест гола.
(фото – Рк Прилеп)📷