По четврти пат ќе се одржи турнирот “Рк Јехона – Гостивар 2024”

По четврти пат, традиционалниот турнир во ракомет “Рк Јехона – Гостивар 2024” ги пречекува момчињата и девојчињата од генерацијата родени 2012/2013.

Во машка конкуренција ќе учествуваат екипите на Јехона, Вардар – Охрид, Илинден Вардар и Динг 2021.

Во женска конкуренција ќе учествуваат екипите на Јехона, Струга 2024, Илинден Вардар.

Натпреварите ќе се одиграат во Гостивар, во салата Младост. Овој турнир е со поддршка од општина Гостивар.

(фото – Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести