Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список на ракометари за Европското првенство.
На списокот повикани се 35 ракометари. Македонската машка младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Словенија во период од 10/07 до 21/07/2024 година.
Нашата младинска селекција е дел од групата А заедно со репрезентациите Австрија, Хрватска и Црна Гора.

(фото – РФМ)📷