Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.
31-годишниот Цехте вгради многу во освојувањето на титулата првак на Македонија 2023/24 и со уште поголеми амбиции ќе влезе во следната сезона. Минатото лето Нејц Цехте од ГОГ Гудме дојде во Еурофарм Пелистер.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷