Директорот на млади категории на ПИК Сегед, Владан Јордовиќ на камп во Охрид

Директорот на млади категории на гигантот ПИК Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ во Охрид.

“Продолжувајќи ја праксата за подигање на квалитетот на тренажниот процес, проширување и надградба на знаењето на учесниците, но и на тренерскиот кадар кој работи со младите ракометари во Република Македонија, организаторот на ракометниот камп „40х20“, агенцијата КМГ Груп Спорт, со огромна чест и задоволство го најавува учеството на директорот на млади категории во унгарскиот ракометен гигант Пик Сегед и тренер во националната ракометна Академија, Владан Јордовиќ во улога на тренер на третото издание на Ракометниот камп „40х20“ и предавач на еднодневниот бесплатен семинар, кој ќе се одржи за време на одржување на кампот, а е наменет за македонските тренери кои работат со млади категории на македонски ракометари”, – објавија на социјалните мрежи организаторите на кампот “40×20”.

(фото – Ракометен камп “40×20”)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести