Младиот Теодор Тодески во следните две сезони ќе ги брани боите на екипата на Бутел Скопје.
Левиот бек потекнува од составот на Прилеп, играше за Металург, а потоа беше член и на Алкалоид и Мулти Есенс.
Иако имаше многу опции за продолжување на кариерата, сепак прилепчанецот реши да го одбере Бутел Скопје.
“Се одлучив да потпишам за Бутел, иако имав понуда од повеќе клубови бидејќи таму ја гледам шансата за напредок на мојата игра. Се надевам дека под водство на тренерот Горан Кузманоски ќе одам ниво погоре јас како и клубот и заедно ќе се радуваме на нови успеси”, – изјави Теодор Тодески.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷